Косовска шема увезувала дрога во Македонија преку фирма за мобилни телефони?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почеток на овој текст би сакал најнапред да се извинам за непријатностите кои ги доживеаа сопствениците на двете поголеми мобилари од Скопје – „Мобеликс“ и „Ледиком“, кои иако во ниту еден текст не беа споменати, беа жртви на црна кампања на социјалните мрежи организирана од екипа која сака да влезе во овој бизнис, а за која ќе читате подолу во текстот. За волја на вистината, овие „извори“ на информации и мене ме натераа првично да помислам дека се работи за една од овие мобилари. Но, по подлабоко истражување сепак дојдовме до вистината.

На 8.11 годинава, при излез од карго терминалот на скопскиот аеродром, едно комбе во кое се превезувале 1.200 килограми ефедрини – перкурсори за производство на амфетамин. По дојава на американската агенција за борба со наркотици ДЕА, припадници на ЕСЗ „Тигар“ го пресретнале комбето, а при претрес ја пронашле и дрогата.

Претресот продолжил и во уште една куќа во Куманово на адресата на која било упатено комбето, каде била пронајдена и дополнителна количина на наркотици и нелегално увезени лекови.

Што е тука симптоматично?

Според информациите на „Инфомакс“, eфедринот во Македонија влегол со карго-авион, а според царинската декларација бил прикриен како електроника – делови за мобилни телефони на име на една позната скопска мобилара.

Царинските службеници, кои се осомнинчени дека биле дел од овој шверц ја пропуштиле пратката без да ја проверат, туку само ги потпишале документите, а пратката ја ставиле на т.н. зелен појас кој означува пратка со високо ниво на доверба без потреба да се проверува.

Но цариниците морале да ја проверат пратката, имајќи во предвид дека се работи за увозник кој на царината ниту и бил познат претходно, ниту пак важел за одговорен трговец.

Согласно товарниот лист и царинската декларација е означена како телефонска галантерија, а краен увозник во Р.Македонија е скопска мобилара.

Одговорен цариник за оваа пратка во тој момент била Даниела Шуланковска и извесен Аљбон, кои пак добиле усна наредба од претпоставената, шефица на царинска испостава Аеродром да ја пропушти пратката без проверка и да ја стави на т.н. зелен појас.

Оттука, пратката излегла од карго-терминалот на скопскиот аеродром и била натоварена во комбе, кое пак го управувале еден полицаец, неофицијално вработен во 6-та управа при МВР и уште еден царински службеник. Комбето пак било обезбедувано од полициско возило кое со вклучени ротациски светла го следело кон Куманово.

Која е фирмата?

Царинската управа има свои пишани, но и непишани правила според кои ја штити државната граница. На пример, вообичаено е царината да пропушти пратка без проверка при влез на граничен премин доколку од претходно го познаваат увозникот и имаат позитивно искуство со истиот, ако тој се придржувал кон правилата и добрите пракси при царинското работење.

Симптоматично е тоа што, оваа пратка која според товарниот лист пристигнала од Дубаи, претходно воопшто не им била позната на цариниците, кои сепак добиле усна наредба од нивниот претпоставен да ја пропуштат пратката.

Товарниот лист според кој во државава пристигнале компјутерски делови и галантерија за мобилни телефони, упатува на фирмата „НОЛУНТ ЛТД“ Скопје – Чаир, чиј сопственик пак е извесен Арбен Дошлаки со адреса на живеење „Генерал Јанковиќ“ од Косово.

Шпедицијата преку која се одвивал увозот пак е фирмата „Кинг Шпедиција ФА“ исто така од скопски Чаир.

Ниту една од овие фирми не и била претходно позната на царинската управа од царинската испостава Аеродром како фирма со добри пракси, оттука симптоматично е зошто и шефицата на царинската испостава  решила да даде наредба пратката без проверка да се стави на т.н. зелен појас.

Истрага нема, Милевски се обидува да ја заташка.

Заедно со прекурсорите за производство на амфетамин, запленети биле и два мобилни телефони, меѓу кои и телефонот на царинската службеничка Даниела Шуланковска која пак пред полицијата дала и изјава дека за да ја пропушти праката без проверка добила усмена наредба од нејзината претпоставена, шефица на царинската испостава на Скопскиот аеродром .

Ваквата изјава го вклучила алармот во структурите на власта, кои според информациите на Инфомакс знаеле за ваквата трговија, за веднаш наредниот ден, според наши извори помошник-директорот на Царинската управа во Секторот за контрола и истраги Игор Милев – инаку сопруг на апелациската судијка Тања Милева, да организира состанок со уште двајца помошници од управата. Веднаш по овој состанок, на 8.ноември царинската службеничка Даниела Шуланковска го сменила првичниот исказ во полиција, овој пат велејќи дека никој не и дал усмена наредба да не ја проверува пратката од Дубаи која пристигнала на 5.ноември.

Инаку, шефицата на царинската испостава на Скопскиот аеродром А.И.М во 2018 година била дел од друг цариннски скандал при вршење на увид на увоз нна брендирана стока од странство и тоа од страна на Бојан Јовановски алијас. Боки 13. Тогаш, претпоставената до помошник директорот на Секторот за правни работи во Царинската управа составила барање за ослободување на 18 парчиња брендирана роба кои во земјава ги увезол Боки 13, а кои царината ги запленила.

Истрага

Она што можеби е најскандалозно во целата ситуација е информацијата дека до овој момент за овој предмет се уште нема кривична пријава пристигната до Обвинителството.

– Во обвинителството до овој момент не е пристигната кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. За кривично правниот настан е известен јавен обвинител кој даде насоки и наредби до Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување, велат од Јавното Обвинителство за Инфомакс.

Од полицијата пак велат дека за овој настан известиле јавен обвинител, но одбиваат да дадат повеќе информации во врска со настанот.

– Во врска со овој случај МВР поднесе известување до јавното обвинителство и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР за Инфомакс.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This