дома Македонија Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги еkcтрадираат ocyдените во случајот „Moнстpyм“

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги еkcтрадираат ocyдените во случајот „Moнстpyм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за случајот „Монструм“, изјави косовскиот премиер Албин Курти одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковското Езеро во 2012 година.

Курти на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев рече дека неговата влада од минатото наследила трагични случаи и тешки предмети.

„Но, има и други предмети, кои, според мое убедување, не се разјаснети до крај и за кои уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крајот и да се најде вистината“, изјави Курти.