дома Македонија КОСТАДИНОВ: Барањето за анкетна е пapаван и не го прифаќаме

КОСТАДИНОВ: Барањето за анкетна е пapаван и не го прифаќаме

ВМРО-ДПМНЕ е нервозна што не успеа да ги уништи предметите на СЈО, рече портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов во одговор на новинарско прашање.

По неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ буквално да ги спречи и уништи предметите на СЈО, гледаме и евидентно е како расте паниката во ВМРО-ДПМНЕ. Јасен е нашиот став, имаа можност пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на секои 6 месеци СЈО доставуваше извештаи до Собранието, тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со ништо, значи буквално не се вклучија во дискусија по однос на извештајите на СЈО. Ве уверувам дека ова е уште еден очаен обид од страна на ВМРО-ДПМНЕ на некој начин да се обиде да си го амнестира криминалот и криминалците во сопствените редови, но нема да успеат во тоа. Јасна е намерата, јасни се нашите црвени линии, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, тоа важи, и за ВМРО-ДПНЕ и за секој друг, рече Костадинов.