April 24, 2024, 11:24 am

Костадинов во одбрана на Заев: Да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае, растеретен од товарот на кој кому бил поблизок или подалечен, време е за апсолутно единство, време е за простување, време е за нови победи онака како што ние знаеме по струмички, ама не е време за оставка… Ова е само дел од статусот на градоначалникот на Струмица и протеже на Заев, Костадин Костадинов, кој на „Фејсбук“ замоли да се остави лидерот да го прави најдоброто што тој го знае.

Моето политичко патешествие започна со Зоран Заев, пред 15 години, во огромен дел од одлуките сме се согласувале.
Еве доаѓаат моменти кога не можам да се согласам со него.
Големите цели ги постигнавме, на многу едноставен начин без притисоци, без репресии, без уцени, од режим, вративме слобода, од регрес, воспоставивме прогрес…
Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што е, да го прави тоа што најдобро го знае, растеретен од товарот на кој кому бил поблизок или подалечен, време е за апсолутно единство, време е за простување, време е за нови победи онака како што ние знаеме по струмички, ама не е време за оставка…, пишува Костадинов.

Статусот наиде на поддршка од струмичкото крило на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This