дома Социјални Мрежи КОСТОВСКИ: Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на зaразени...

КОСТОВСКИ: Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на зaразени лица од Ковид-19

Дарко Костовски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на заразени лица од Ковид-19.

-Денеска Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на заразени лица од COVID 19, па за прв пат бројката беше истакната доцна во 19:30 часот се со цел да не биде дневна тема за народот да види колку е сериозна состојбата во државата.

Очигледно Заев и СДС прават се за да има избори, здравјето на граѓаните им е најневажната работа која е во нивната перцепција.
Денеска повторно рекордери на Балкан по заразени лица 76, стои во неговиот пост на Фејсбук.