Костовски: Оваа битka за модерен, урбан и поубав Бутел мораме да ја поведеме и добиеме сите заедно, сите луѓе во Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Костовски, официјалниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел на својата Фејсбук страница им се заблагодари на партијата за укажаната доверба како и на сите граѓани на општина Бутел за подршката која ја дале на анкетните испитувања.

– Почитувани граѓани на општина Бутел,
Денеска ВМРО-ДПМНЕ т.е потпретседателот Владо Мисајловски официјално ја соопшти мојата кандидатура за градоначалник на општина Бутел. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на раководството на партијата за укажаната доверба, секако голема благодарност до сите граѓани на општина Бутел за големата поддршка на анкетните испитувања во месеците наназат. Бутел е заборавена општина, моменталниот градоначалник и актуелната власт на СДСМ заборавија дека на овој дел од градот живеат луѓе. Оваа битка за модерен, урбан и поубав Бутел не смее во себе да содржи било какви разлики, оваа битка без разлика на вера, етинчка па дури и почитичка припадност мораме да ја поведеме и добиеме сите заедно, сите луѓе во Бутел ! Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи ве повикувам сите како едно, сите заедно да застанеме позади новата визија за нашиот дом, за нашата општина Бутел. Бидете дел од преродбата на општина Бутел, бидете дел од победничкиот тим кој има јасна визија и мотив за светла иднина на општина Бутел. Наскоро ќе бидете детално запознаени со нашата визија за општина Бутел, голем дел од таа визија произлезе токму од вас граѓаните, стои во неговата Фејсбук објава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This