Костовски: Ocтaнyвам на ставот пpoтив изгpaдба на згради во Бутел, бидeјќи мoже да се нapуши начинот на живoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Костовски новиот градоначалник во општина Бутел за „Утрински брифинг” истакна дека неговиот став во однос на нови згради во Бутел останува непроменет и тој е не за згради во општината, затоа што тоа ќе го наруши начинот на маалски живот на кој се навикнати жителите на Бутел.

Костовски потенцираше дека тој став го застапуваше за време на кампањата и тоа нема да се промени и покрај одредени придобивки што ги има од нови згради како голем број на средства од комуналиите кои се плаќаат за тие згради.

– Еден дел од кампањата моја се базираше на тоа дека во Бутел не треба да има згради. Сметам дека треба да се задржи тој маалски тип на живот, и покрај тоа што комуналиите од згради носат доста пари во општинската каса. Но, од друга страна бутелчани навикнати да си го водат тој маалски начин на живот и таа населба не е конструирана за згради, рече Костовски.

Тој истакна дека секаде каде што направиле згради изминативе години, со по 300-400 станови огромно е незадоволството во тие делови на општината, бидејќи тие работи на сила биле изведени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This