дома Македонија Костов: Ова е политички театар, Заев покажа отcyство на елементарна политичка култура

Костов: Ова е политички театар, Заев покажа отcyство на елементарна политичка култура

Во вечерашната „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, аналитичарот Сотир Костов во однос на целокупната состојба во државата рече дека е рaзочаран, како и дека ова е политички театар, како и тоа дека Заев како евентуален мандатар покажал отуcтво на елемнтарна политичка култура.

Рaзочарaм сум од состојбите во државата на политички, економски, а најмногу на морален план, мислам дека деновиве пред изборите ни се случува политички театар заради брзањето да направиме влада и собрание, а веднаш по изборите некој отиде на одмор значи некој не брзал, а брзал да ја потфати моќта за власта, вели Костов.

Костов истакна дека евентуалниот мандатар покажа отсуcтво на елементарна политичка култура од причина што го рипна вториот по ранг според доделениот му легитимитет од изборите кој се одбегнува, и веднаш се оди на ДУИ.

Безмалку половина од оние кои гласале, гласале за опција која од почеток се исклучува, вели Костов.

Костов исто така анализираше во однос на yцeната од страна на ДУИ дека на преговарачката маса на ДУИ требало некој да му објасни дека 44 и 46 пратеници се повеќе од 15 пратеници, кој вели требало да седнат заедно на маса, и да се однесуваат зрело и европски како што доликува на една демократија.