дома Политика Костов: Фингерпринот ќе стави крај на изборните измaми

Костов: Фингерпринот ќе стави крај на изборните измaми

Зборувајќи за изборниот процес, аналитичарот Сотир Костов во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, истакна дека со новиот начин на гласање со апаратите за отпечаток ќе се врати довербата на граѓаните. Тој потсети на бројните изборни измами во земјава од осамостојувањето до денес. Костов потсети на бројните изборни измами во земјава од осамостојувањето до денес, на бугарските возови, за контингентите на Жерновски, сакаш да ти зборувам за првата поделба на локалната заедница во Македонија, тоа е мое Кочани, 1994 година, кога Арсо Божинов го победи Љупчо Серафимов, кандидат на СДСМ и кога му ја зедоа победата н врховен суд…

„Фингерпринтот ќе стави крај, ако не 100 посто, барем 80. Ако сакаме вистинска граѓанска демократија, суштинска, есенцијална демократија, има да го купиме тој систем. Еве го купивме, ќе ни послужи и за понатаму. Се надевам, во планинските села, не знам како ќе биде оти таму си има кутија што шета. Таму со матеници и баници се гласа, јас сум го видел тоа“, изјави Костов.