дома Политика КОТЕВСКИ ОСТАНУВА НА ФУНКЦИЈАТА: Иво Котевски останува директор на Центарот за комуникации...

КОТЕВСКИ ОСТАНУВА НА ФУНКЦИЈАТА: Иво Котевски останува директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Иво Котевски, директорот на Центарот за комуникации останува на партиската функција, откако вчера беше потврден нов мандат на состанокот на Извршниот комитет на партијата

 

Котевски важи за еден од најуспешните раководители на партискиот центар за комуникации, а во работата ќе му помагаат и двајца нови портпароли, новинарот Наум Стоилковски и екс-потпретседателот на УМС Димче Арсовски.

Како што вели Котевски, двајцата портпароли се поставуваат заради поголема отвореност на партијата кон јавноста.

Пред да биде назначен на партиската функција, Котевски беше помошник министер за односи со јавност на МВР.