Котлар: Знаејќи го Заев, можеби има договорено нешто за македонската историја, но нема да помине така лесно како со Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија има македонски културни вредности, македонски историски вредности и сѐ она што е израз на македонскиот народ, рече Наташа Котлар, универзитетски професор на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ коментирајќи ги изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев дека тие се грижат и борат за заштита на културните, образовните бугарски вредности во Македонија.

„На сите треба да им е јасно дека во Македонија има вредности на македонскиот народ и нема што некој од соседна држава да зборува за заштита на свои вредности тука во земјава“, рече Котлар.

Таа се осврна на делото на Свети Климент.

„Климент она што го создава со Наум е една нова народна духовна, просветна вредност која влегува во македонскиот идентитет и има разлика од она што е во Бугарија. Свети Климент и Наум се доследни ученици на Кирил и Методиј“, рече Котлар.

Или според неа Климент е историски и духовен лик кој е многу значаен за македонскиот идентитет и затоа тука сакаат да не удрат бидејќи идентитетот ни е на сериозен удар.

„Македонската историја не може да биде под акробациите на политичката номенклатура на овој наш политички простор. Можеби тој нешто ќе договори, знаејќи го него. Но нема да помине така лесно како Договорот од Преспа“, рече Котлар.

Таа посочи дека Македонија е пред сериозни надворешно политички реперкусии, удар врз идентитетот.

„Во ваква ситуација институциите се многу тивки, тие мора да излезат и да кажат, и мора општествено да се експонираат, а ако работите во таква институција мора да одговорите на прашањата тие се општествени, не е тоа само политика“, вели Котлар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This