дома Социјални Мрежи Котлар: Мора да престане неконтролираното градење и уништување на малкуте зелени површини...

Котлар: Мора да престане неконтролираното градење и уништување на малкуте зелени површини во Центар

Токму против оваа бетонизација и насилно уништување на Водно се нафатив да се кандидирам за Центар, вели кандидатката за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

-Неконтролираното градење и уништувањето на малкуте зелени површини го направија Центар место со понизок квалитет на живот, а сето ова се случува среде центар на град во срцето на Водно. Ова мора да престане!, пишува Котлар на Фејсбук.