дома Македонија Коцарев се поклони пред Гоце Дeлчeв

Коцарев се поклони пред Гоце Дeлчeв

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 118-годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, денеска положи цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.

Делегацијата ја сочинуваа претседателот на МАНУ акад. Љупчо Коцарев и потпретседателот акад. Живко Попов.