дома Локално КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ КАНДИДИРА: Досегашниот градски татко повторно ќе ја...

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ КАНДИДИРА: Досегашниот градски татко повторно ќе ја бара довербата од граѓаните

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на претстојните локални избори.

– Да, планирам да се кандидирам. Тоа ќе зависи од анкетите кои ќе бидат направени и врз основа на тоа ќе видиме дали во изминатиов период сме направиле доволно и дали граѓаните се задоволни од мојата работа. И врз основа на тоа ќе биде и мојата кандидатура, рече на денешната прес-конференција Трајановски, одговорајќи на новинарско прашање.