дома Политика Коциќ: Заедно може да го направиме Велес подобро место за живеење

Коциќ: Заедно може да го направиме Велес подобро место за живеење

– Изминатите три недели ги презентиравме клучните проекти од програмата “Најдоброто за мојата општина”. Проекти од областа на инфраструктирата, економскиот развој, животната средина, намалувањето на невработеноста, туризмот, спортот и многу друго, информира на денешниот прес на последниот ден од трката за градоначалник Ненад Коциќ кандидат за градоначалник од коалицијата на СДСМ.
Тој им порача на гласачите од Општина Велес дека отвараме отворена понуда, покана и барање за поддршка за него како кандидат за градоначалник и советничката листа на СДСМ предводена од Марјанчо Николов.
– Ве повикувам на 17 октомври да ја поддржите најдобрата опција за Велес, да го дадете својот глас за Ненад Коциќ како кандидат за градоначалник и за Марјанчо Николов како предводник на советничката листана СДСМ и коалицијата. Затоа што заедно можеме да го направиме Велес подобро место за живеење. Заокружете број 12 а ние ќе вратиме со добро, им порача Коциќ