дома Спорт КОШАРКАРИТЕ ОСТАНАА ЗАВЕАНИ КАЈ НИШ: Карпош Соколи имаа патешествие на патот кон...

КОШАРКАРИТЕ ОСТАНАА ЗАВЕАНИ КАЈ НИШ: Карпош Соколи имаа патешествие на патот кон Белград – ги завеа снегот кај Ниш па возеле по алтернативни патишта!

Кошаркарите на Карпош Соколи изутринава во 7 часот тргнаа за Белград на натпреварот со Партизан кој се одигрува утре. Поради лошите временски услови, повеќе од три часа автобусот со кој се превезуваа кошаркарите беше завеан кај Ниш.

Затоа, попладневниот тренинг кој требаше да го имаат кошркарите во Салата на спортовите е презакажан од 17 часот за во 21 часот.

Во моментов, автобусот со Македонските преставници се наоѓа пред наплатната рампа во Белград.

Патешествието се одвивало преку алтернативни патишта, некаде од пред Ниш и се вклучиле на автопатот дури кај Крушевац во близина на местото Појате.