дома Занимливости КОШНИЦА СО ПЧЕЛИ НА ПАПАТА: Словенија со необичен подарок за папата Франциск!

КОШНИЦА СО ПЧЕЛИ НА ПАПАТА: Словенија со необичен подарок за папата Франциск!

На годинашното одбележување на меѓународниот ден на пчелите на 20 мај, чија централна прослава ќе се одржи во Рим во седиштето на организацијата за храна и земјоделство на ОН, Словенија на Светата столица и на папата Франциск ќе им подари кошница со крањски пчели, соопшти во четвртокот словенечката влада.

Министерката за земјоделство Александра Пивец на прес-конференцијата изјави дека претставниците на нејзиното министерство и здружението на словенечките пчелари за време на прославата на денот на пчелите во Рим, исто така, предвиделе посета на Ватикан, при што на папата Франциск ќе му подарат пчеларник со словенечки пчели.

Треба да се постави во градините на Ватикан и да биде подарок од Словенија за светата столица, рече министерот.

Словенија беше меѓу главните иницијатори да се прогласи 20 мај за ден на пчелите, со цел да се укаже на важноста на овие инсекти за опрашување на растенијата, а со тоа и бeзбедноста на храната за човештвото.