дома Балкан КОЅИЈАС ЛИКУВА: Знакот под Александар Велики во Скопје покажува дека тој е...

КОЅИЈАС ЛИКУВА: Знакот под Александар Велики во Скопје покажува дека тој е грчки херој

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас на социјалната мрежа „Твитер“ објави фотографија од ново поставените табли на спомениците кои објаснуваат дека припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација.

Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денеска се најде под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателство меѓу народите – напиша Коѕијас на Твитер.

Коѕијас е еден од потписниците на преспанскиот договор со кој беше решен деценискиот спор со името, а по четири месеци и политички притисоци тој поднесе оставка од министер за надворешни работи на Грција.