дома Видео Галерија (Видео)КОЈ Е ВЛАДИМИР ПУТИН: 11 интересни факти за најпопуларниот и најмоќен државник...

(Видео)КОЈ Е ВЛАДИМИР ПУТИН: 11 интересни факти за најпопуларниот и најмоќен државник во светот!

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31 декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка. Во 2000 година Путин победил на изборите и бил реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немал право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избрал за премиер на земјата. Во септември 2011 година, Медведев го предложил Путин за претседателски кандидат, кое довело до протести во неколку руски градови. Тој во март 2012 година победил на изборите, каде според новиот устав неговиот мандат ќе биде шест години.

Путин е заслужен за враќањето на политичката стабилност и економскиот развој на Русија, која била во голема економска криза во деведесетите години. Во текот на првите девет години од неговото претседателствување (1999-2008) реалниот приход се зголемил за 2,5 пати, а платите три пати повеќе. Првиот мандат на Путин било одбележано со висок економски раст. БДП се зголемил за 72%. Овие успеси се препишуваат главно поради добрата макроекономска политика, фискалните реформи, зголемувањето на капиталните приливи како и петпати зголемената цена на нафтата и гасот кои го сочинуваат поголемиот дел од рускиот извоз.

Во Русија, лидерството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг. Според некои, голем дел од неговите дела се карактеризирале како недемократски[19]. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор, кое Путин категорично го негира.