дома Свет КОЈ Е СЕГА ИЗОЛИРАН И СОЛИДАРЕН: Само 25 земји во светот протерале...

КОЈ Е СЕГА ИЗОЛИРАН И СОЛИДАРЕН: Само 25 земји во светот протерале руски дипломати, меѓу кои и Македонија

Единствено 25 земји од кои поголемиот број се во Европа не броејќи ги САД, Канада и Австралија имаат протерано руски дипломати од своите држави поради случајот ,, Скрипал’’. За жал Македонија е дел од малцинството на земји кое се одлучи на ваква не испровоцирана акција со цел да се упикува на таканарачените ,,стратешки партнери’’.

Доколку целта беше да се изолира Русија, мисијата е неуспешна бидејќи мнозинството на држави кои се членки на ОН не се одлучија на ваквиот чекор кој е погубен за односните со ова светска веле сила и постојана членка на Советот за безбедност при Обединетите Нации.

Русија започна реципрочно да одговара на ваквиот непријателски чин на земјите кои протераа руски дипломати, но досега нема никаква реперкусија за малата Македонија. Сервилноста на нашата влада кон оние кои 27 години прават секакви проблеми во нашата држава се докажа уште еднаш со протерувањето на рускиот дипломат од Македонија. Не размислувајќи на последиците македонското МНР се одлучи на ваква еднострана акција.

Меѓу последиците од ваквата акција може да биде и затворање на македонската амбасада во Русија бидејќи Македонија официјално во амбасада има само еден вработен кој е дипломат и кој може да биде протеран, но можни се и далеку по катастрофални последици за Македонија.

Меѓу последиците може да биде и губење на пласманот на земјоделски продукти во Русија, пазар со големина од 150 милиони луѓе како и зголемување на цените на гасот и ред други мерки кои би биле погубни за македонското стопанство.

На крајот многу веројатно е дека во Македонија ќе се случи онаа позната анегдота ,,Операцијата заврши успешно, пациентот е мртов’’ односно Македонија ја изврши наредбата на Западот и го спроведе тоа што беше побарано од нејзе, но сепак последиците за Македонија ќе бидат многу поголеми отколку за моќниот Запад.