КОЈ ЛАЖЕ ЗА РЕСПИРАТОРИТЕ: Дали е нов скандал на повидок?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е на повидок нов скандал со набавка на репиратори како претходните од Бразил, вечерва Зоран Заев најави дека е донесена владина одлука за нови 50 респиратори од Израел, за милион и 250, илјади евра. Или пак ова е уште едно играње со зборови, Заев вели се е завршено, а Филипче вели во фаза е . Сепак на ова и водителот на „Само Вистина“ беше затечен дури и го запраша Заев кога е донесена одлуката бидејќи никој не е запознаен со тоа.

„Донациите ќе стигнат, ние донесвме одлука како Влада, информиран сум од министрите, одлуката е да си купиме 50 респиратори. Од таму од Израел ќе купиме 50, цените на пазарот се движат од 25,35 па до 45.000 евра зависи како го најдете. Но дефинитивно 50 за милион 250 илјади донесена е одлуката, министерството има свои средства директно ќе ги купиме“, нагласи Заев.

Додека Зоран Заев ова помпезно го најави на емисијата, пред неколку часа министерот Филипче појасни дека се во фаза да ја повторат набавката за респиратори, но сепак во Македонија има доволен број на респиратори.

Се поставува прашањето кој сега ја лаже македонската јавност, министерот вели се во фаза, а Заев се фали дека се е завршено само што не пристигнале репираторите во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This