дома Македонија Кој може да изнајми викендица за новогодишна прослава?

Кој може да изнајми викендица за новогодишна прослава?

Интернет огласниците ги преполнија понуди за изнајмување викендици за новогодишната ноќ. Повеќето се веќе резервирани, а на дел од сопствениците не им пречи гостите да се од различни семејства и покрај препораката да не се слави групно. 

Од МВР велат дека кривично ќе се гонат сопствениците кои ќе дозволат сместување на поголема група луѓе. Полицијата подготвила и акција за откривање на таквите случаи. Контролите ќе почнеле идната недела, а ќе се спроведувале и во текот на новогодишната ноќ.

Комисијата за заразни болести очекува совесност од граѓаните во пресрет на новогодишните празници, но како што велат не можат да им забранат на луѓето да се групираат во своите домови.