„Кој на друг му копа јама…“: Лукашенко со порака до властите во Литванија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, им порача на властите во Литванија, по повод политичката криза што ја потресе таа балтичка земја, дека „кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“.
„Во Литванија има политичка криза. Доволно е само да се каже – кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“, рече Лукашенко.
Тој потсети на мигрантската криза на границата меѓу ЕУ и Литванија, како и фактот дека Белорусија гради засолништа за мигрантите на нејзина територија, но дека тоа е запрено по воведувањето на санкциите од Минск.
„Прво, тие престанаа да ги финансираат тие центри. Што треба, да ги изградам од моите пари? И тогаш тие воведоа санкции за Белорусија. Дали сте луди да ве заштитам после тоа? Вие сакате да ме обесите, а јас треба да ве заштитам?“, рече Лукашенко.

„Едноставно не може. Нека одат кај вас. Околу 5.000 мигранти во моментов се во Литванија, и ги чуваат полошо од нашиот добиток. Тие не ги хранат, ги исфрлаат директно на граница, ние ги преземаме, ги лекуваме, ги спасуваме, она што ни останува“, додаде тој.

Пред два дена настана хаос во главниот град на Литванија на протест пред зградата на Парламентот, кога избија масовни немири во кои беа повредени неколку лица. Поради немирите, во кои учествуваа илјадници луѓе, досега се уапсени 26 лица.
Протестот беше организиран поради здравствените дозволи што на Литванците наскоро ќе им требаат да влезат во кафулиња, продавници, јавен превоз и други места, додека владата размислува за нови рестриктивни мерки во форма на борба против ширењето на вирусот корона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This