Во екот на руско-амеркинаската „војна на санкции“, московските трговци решиле со попусти, и симболични опростувачки подароци да ги почестат протераните американски дипломати.
На градите е портрет на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а на грбот е министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Маиците се во црна боја, а на нив со бели букви е напишано: „Кој не го слуша Лавров…ќе го слуша Шојгу“.
Дипломатия РФ: «Кто не договорится с Лавровым, будет говорить с Шойгу» ___________________ Министр иностранных дел… https://t.co/y0X6odsgbf pic.twitter.com/KSX2X6rqdu
— Топ Инстаграма (@t30p_instagram) March 21, 2017
Дипломатите единствено имаат обврска да при купување на сувенири во продавницата на руското МНР да покажат документ со кој се докажува дека се вработени во Амбасадата на САД на Русија.
Акцијата ќе трае до 1.септември, кога на американските дипломати им истекнува рокот за напуштање на Русија.