дома Европа КОЈ ПУКАШЕ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Се одмотува клопчето околу Мајдан

КОЈ ПУКАШЕ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Се одмотува клопчето околу Мајдан

Демонстрантите во 2014 година на Мајдан имале оружје кое го употребиле со благослов на организаторите на протестот истакна пратеничката во Украинскиот Парламент Надја Савченко.

Според Савченко, сегашниот државен обвинител на Украина Јуриј Луценко на Мајдан повикал да се крене во офанзива, ветувајќи “дека ќе има оружје”.

“Видов како дојде синиот минибус и од таму излегоа луѓе со оружје. Овие луѓе се сега во парламентот. Видов дека Парубиј донесе снајперисти во хотелот “Украина”. Луценко стана обвинител за да ги скрие овие злосторства “, рече Савченко.

Таа истакна дека властите имаат намера да ја блокираат истрагата за злосторствата во Мајдан, бидејќи голем дел од нејзините претставници се вклучени во незаконски активности.

“Луѓето што дадоа наредби извршиле злосторство и сносат одговорност”, рече Савченко.

Таа додаде дека животот по Мајдан не се подобрил.

На крајот на февруари 2014 година, непознати снајперисти на плоштадот “Независност” во Киев, убија 53 мажи – 49 демонстранти и четири полицајци. Иако лидерите на опозицијата и претставниците на САД и ЕУ го обвинија поранешниот украински претседател Виктор Јанукович за овој инцидент, сé уште не е утврдено кој е одговорен за ова злосторство до ден денес.

Надја Савченко е украински политичар и поранешен пилот на воената авијација во украинските копнени сили