Кој ќе биде потегот на Белград: Вучиќ тргна на итна средба на Југ, откако еден Србин е зacтpeлан на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска замина во Рашка на итен состанок со претставниците на Србите во Косово и Метохија.

Ова беше потврдено за Танјуг во Претседателството на Србија. Вучиќ се одлучи на тој потег откако косовската полиција упадна во северниот дел на Косовска
Митровица, а Србинот кој беше застрелан одзади беше тешко повреден во Звечани.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, оцени дека утринската акција на косовската полиција е уште една провокација на премиерот на во Приштина, Албин Курти, пред локалните избори, и додаде дека ја известил Европската Унија.

Косовската полиција изврши рација и претрес во градски аптеки, деловни, станбени простории, магацини во Северна Митровица и проверуваше царински документи.

Петковиќ за ТВ Хепи рече дека однесувањето на Приштина ги надмина сите граници и додаде дека Курти се обидува да ја продлабочи кризата со секој негов потег.

“Додека ние решаваме се преку дијалог, вие го имате Курти и другите, кои ги решаваат работите со кризи за да го окупираат северот на Косово, што е нивна опсесија. т”, рече Петковиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This