дома Македонија КОЈ ЌЕ ГИ ПЕЧАТИ ИЗБОРНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ?: Eкcплозиjaта во “Киро Дандаро” ја предизвикало...

КОЈ ЌЕ ГИ ПЕЧАТИ ИЗБОРНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ?: Eкcплозиjaта во “Киро Дандаро” ја предизвикало 50 литарско буре со eтил алкoxол

50 литарско буре со етил алкохол ја предизвикало синоќешната експлозија во битолската печатница „Киро Дандаро“, тврди директорот Драги Милошевски.

-Течноста се запали по краток спој на електричната инсталација, по што дошло до експлозија и пожар околу 22 часот. Нема повредени, а предизвикана е незначителна материјална штета, рече за Телма Милошевски.

Работниците од трета смена ги повикале противпожарните екипи, а до нивното пристигнување, со противпожарни апарати сами го гаснеле огнот.

Од ТППЕ од Битола велат дека добиле дојава во 22,20 за пожар во печатницата Киро Дандаро и 2 возила со 6 пожарникари се упатиле кон објектот.

-Експлозија на хемикалија предизвика пожар во магацинот, но по брза интервенција на вработените во печатницата и 2 екипи пожарникари, огнот брзо е изгаснат. Интервенцијата траеше неполни триесетина минути. Од експлозијата освен опожарениот магацин имало и искршени прозоррци на соседните простории, рече командирот на ТППЕ-Битола, Костадин Поповски.

Печатницата Киро Дандаро е позната по тоа што ги печати изборните материјали во сите изборни циклуси години наназад.