дома Македонија КОЈ ЌЕ ПРОФИТИРА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Најголем бенефит од Преспанскиот договор ќе...

КОЈ ЌЕ ПРОФИТИРА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: Најголем бенефит од Преспанскиот договор ќе има Солун!

Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пјат е уверен дека Солун ќе има најголем бенефит од Преспанскиот договор. Пјат ова го соопшти за време на посетата на солунското пристаниште во вторникот.

Убеден сум дека најголемите бенефити од Преспанскиот договор ќе се почувствуваат овде, во Северна Грција, со враќањето на историската улога на Солун како главен град на Балканите, порта на Западниот Балкан кон глобалните пазари со солунското пристаниште како еден од главните елементи во тоа, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Пјат.

„Заинтересирани сме за успехот и виталноста на солунското пристаниште бидејќи се поврзува со нашиот интерес за успешноста и виталноста на Северна Грција и регионите на Македонија и Тракија“, додаде амбасадорот Пјат.