April 19, 2024, 12:32 am

Коњановски: Гарантираме изградба на атлетска тартан патека на градскиот стадион во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Битола гарантираме изградба на мултифункционален спортски центар, подобрување на спортската инфраструктура и на условите за спортување, изградба на современи патеки за трчање и атлетска тартан патека на градскиот стадион во Битола, истакна Тони Коњановски, кандидатот за градоначалник од оваа партија.
Коњановски најави и поддршка за организација на национални првенства и купови, како и меѓународни натпревари во Битола.
-Посебен фокус во нашата програма е ставен врз младите, затоа во програмата се предвидени изградба и реконструкција на училишни спортски сали, поддршка на младинските спортски школи, унапредување на училишниот спорт, подобрување на условите за спортување на младите. Создаваме нова иднина, иднина во која приоритет се нашите деца и затоа Битола и битолска спортска публика заслужуваат врвен спорт, посочи Коњановски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This