дома Сцена Кралицата Елизабета влeгyвa вo шeмa: Бapa екcпepт зa инcтaгpaм, плaтa 27 илjaди...

Кралицата Елизабета влeгyвa вo шeмa: Бapa екcпepт зa инcтaгpaм, плaтa 27 илjaди фyнти гoдишнo

Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството.

Во огласот се наведува дека кандидатот ќе управува со налозите на Бакингемската палата на социјалните мрежи и потребно е да се има „талент за креативност“ и „око за дизајн“, пренесува лондонски „Сан“.

„Нема да имате два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во вашата кариера и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција “, се наведува во огласот. Конкурсот е отворен до 7 февруари.