дома Европа Кралицата зaбpaни Меган да носи накит од kралската колекција

Кралицата зaбpaни Меган да носи накит од kралската колекција

Војвотката од Сасекс во иднина не смее да носи ниту едно парче накит од кралската колекција, па дури и од накитот на покојната мајка на својот сопруг.

Британската кралица Елизабета Втора, наводно, ѝ забранува на Меган Маркл да носи некое од историските парчиња како што се дијамантски ѓердани, брошеви и дијадеми.

Забраната ја поддржал и принцот Вилијам, пренесува „Сан“.

Меѓу непроценливите предмети е тијара на кралицата Мери, која може да се носи и како ѓердан, а е направена за кралицата Мери во 1919 година.

Колекцијата вклучува и накит што ги носеше покојната свекрва на Меган, принцезата Дијана.