дома Свет Кралицата официјално го одобри бракот на принцот Хари и Меган Маркл

Кралицата официјално го одобри бракот на принцот Хари и Меган Маркл

Кралицата Елизабета официјално му даде дозвола на нејзиниот внук, принцот Хари, да се ожени со Меган Маркл.

Во писмото што кралицата го испратила до Државниот совет на Обединетото Кралство го потврдила одобрението свадбата на принцот Хари и Маркл да се одржи во мај оваа година.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека потегот на кралицата е формалност затоа што таа веќе дала согласност. Кралската свадба ќе се одржи на 19 мај во замокот Виндзор.