дома Европа КРАЛИЦАТА СЕ ПЛАШИ ОД KOPOHАТА: Британската кралица од Лондон ќе се пресели...

КРАЛИЦАТА СЕ ПЛАШИ ОД KOPOHАТА: Британската кралица од Лондон ќе се пресели во замокот Виндзор Британската кралица од Лондон ќе се пресели во замокот Виндзор

– Британската кралица Елизабета Втора откажа забави во градината во Бакингемската палата во Лондон и ќе го напушти главниот град в четврток. Таа и семејството ќе се упатат кон замокот Виндзор поради пандемијата на новиот коронавирус, соопштија од кралското семејство.

Неколку состаноци во Бакингемската палата оваа недела, вклучително и аудиенцијата на кралицата со премиерот Борис Џонсон, ќе се одржат според планираното, се вели во соопштението. Од Палатата додаваат дека кралицата Елизабета ќе се пресели во замокот Виндзор за Велигден в четврток, 19 март, една недела пред планираното. „Кралицата веројатно ќе остане таму и по Велигден“, се наведува во соопштението.

Замокот се наоѓа во Беркши, југоисточна Англија. Плановите на 93-годишната кралица беа променети „како разумна претпазливост и од практични причини поради сегашните околности“, објаснуваат од палатата.
Британската кралица од Лондон ќе се пресели во замокот Виндзор