дома Македонија КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА РАЗРЕШИ СО ТРАНЗИЦИСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ:Договорот е капитулантско дело

КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА РАЗРЕШИ СО ТРАНЗИЦИСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ:Договорот е капитулантско дело

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го потврди партискиот став дека договорот меѓу Македонија и Грција е капитулантско дело. Токму поради оваа причина капитулантскиот договор, како што Мицкоски го нарече, е товар на Заев и покровителите на договорот, кој ќе ги потоне како политичари.

– Мислам дека договорот со Грција не само што им е ахилова пета, туку тоа ќе им биде и товар кој што дефинитивно ќе ги потоне, рече Мицкоски.

Истакна дека македонскиот народ со овој договор допрва ќе треба да живее и да ги трпи последиците од него. Тој потенцира дека договорот е капитулантско дело со многу недостатоци од правен и од политички аспект, кои ќе доведат до пораз на владата на СДСМ и Заев.

-Вие со овој договор треба да живеете . Односно со последиците кои овој договор ќе ги остави по вас како нација, како народ, како држава итн. Ние сме длабоко убедени дека овој, таканаречен договор претставува капитулантско дело со многу недостатоци и од правен и од политички аспект. А последиците допрва ќе дојдат, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека крајно време е Македонија да разреши со транзициските политичари кои во минатото и нанесоа огромна штета на државата.