дома Хроника КРВАВА ДРАМА ВО ТЕТОВО: Имале нерасчистени сметки од минатото, па ги решавале...

КРВАВА ДРАМА ВО ТЕТОВО: Имале нерасчистени сметки од минатото, па ги решавале сега со шипки и секири

М.И. од Тетово, вработен во перална на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, вчера во 15 часот пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот, додека бил пред пералната со неговиот братучед М.И., со патничко возило поминал Ц.Д. (51) од с.Желино, тетовско, со кого од порано имале недоразбирања. Ц.Д. од возилото упатил пцовки кон М.И, по што излегол и со железна шипка го нападнал М.И. удирајќи го во пределот на левата страна на главата.

 

 

Во физичката пресмета се вклучил и братучедот на М.И. кој со секира го удрил Ц.Д. неколку пати во пределот на главата и телото.

Тие биле разделени од случајни минувачи, по што Ц.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Тетово и бил задржан за опсервација.

Кај братучедите М.И. и М.И. имало забележливи повреди на лицата и рацете. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.