дома Занимливости КРЕАТИВЕН НАЧИН ЗА ДЕКОРИРАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА: Едноставен и еколошки!

КРЕАТИВЕН НАЧИН ЗА ДЕКОРИРАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА: Едноставен и еколошки!

Сакам да ви предложам оригинален и едноставен начин за декорирање на велигденските јајца. Можеме да го наречеме еколошки, бидејќи за оваа техника, нема да бара никакви лепила или бои. За Велигден не само што ќе им се восхитуваме на убавината на украсените јајца, туку треба да со мерак да ги јадеме. Овој начин е апсолутно бeзбeден за користење и лесен за изведување.

Затоа, за овој процес на кpeативност, ќе биде неопходно:

– Белка
– Трислојна салфетка
– четка
– Варено јајце

Земете трислојна салфетка со вашите посакувани орнаменти. Поделете ја салфетката на два дела, ќе ви треба само горниот дел. Исечете ги саканите цртежи од салфетката, во овој пример има убаво цвеќе.

Земето го свареното јајце и премачкајте го со белка од јајце на места каде што сакате да стои исечениот цртеж од салфетката.

Го лепиме на јајцето и внимателно го премачкуваме одозгора со белка.

На сличен начин постапуваме и со горниот дел од јајцето.

Јајцето е речиси готово, треба само да се исуши. Кога се суши, сите нецовршености стануваат невидливи. Го добивме ова убаво празнично јајце.

Ова е основна идеја. Вие не треба да го покриете целото јајце со деловите на салфетката. Вклучете ја вашата фантазија, и со малку трпение ќе добиете креативи украси на вашите велигденски јајца.