дома десерти Кремави чоколадни бoмбици од само три состојки

Кремави чоколадни бoмбици од само три состојки

Направете кремави топчиња со чоколадо.

СОСТОЈКИ:

3 лажици растопен путер, 1 шолја шеќер во прав, 300 гр. темно чоколадо.

ПОДГОТОВКА:

Се топи путерот на оган, може да биде и путер од кикиритки по избор.
Се става кога ќе се стопи путерот шеќер во прав, се меша да се добие хомогена смеса.
Се прават топчиња во кои се става чепкалка и се ладат.
Се топи чоколадо во микро или на пареа и секоја бомбица се става во чоколадо, па се ладат и служат.