Кремљ ги објави барањата на Русија од САД за кои се зборуваше на состанокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризата во Украина и немањето напредок во спроведувањето на договорите од Минск беа главни теми на разговор меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, преку видео врска.
„Претседателите изразија мислење дека, земајќи ја предвид одговорноста за одржување на меѓународната безбедност и стабилност, Русија и САД ќе го продолжат дијалогот и неопходните контакти. Генерално, разговорот беше искрен и деловен“, се вели во соопштението на Кремљ.

Претседателот Путин предложи САД да ги укинат акумулираните ограничувања за функционирањето на дипломатските претставништва, „што исто така може да послужи за нормализирање на другите аспекти на билатералните односи“.
Бајден, од своја страна, укажа на наводната „заканувачка“ природа на движењето на руските војници во близина на украинските граници и наведе какви санкции би биле подготвени да преземат САД и нивните сојузници во случај на натамошна ескалација на ситуацијата, се вели во соопштението.

Путин нагласи дека одговорноста не треба да се префрла на Русија, бидејќи, според него, НАТО прави „опасни обиди да влезе на територијата на Украина“.
„Русија е сериозно заинтересирана да добие сигурни, правни гаранции кои го исклучуваат проширувањето на НАТО на исток и распоредувањето на офанзивни системи во соседните земји на Русија“, нагласи Кремљ.

Лидерите се согласија нивните претставници да започнат консултации за овие чувствителни прашања.
Рускиот претседател ја илустрираше деструктивната политика на Киев, насочена кон укинување на договорите од Минск постигнати во нормандискиот формат и „изрази сериозна загриженост поради провокациите на Киев против Донбас“.
Двајцата претседатели разговарале и за спроведувањето на договорите постигнати на јунскиот руско-американски самит одржан во Женева и за иранската нуклеарна програма. Тие изразија подготвеност за продолжување на соработката во борбата против компјутерскиот криминал.
Да потсетиме, разговорот меѓу Владимир Путин и Џозеф Бајден преку видео врска траеше повеќе од два часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This