дома Македонија КРЕТЕНИ СО ПОМИЈА НАМЕСТО МОЗОК СЕКОЈ ДЕН НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ: Мирослав...

КРЕТЕНИ СО ПОМИЈА НАМЕСТО МОЗОК СЕКОЈ ДЕН НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ: Мирослав Грчев смета дека луѓето кои протестираат имаат фекалии наместо мозок!

Во неверојатен излив на жолч од устата на Мирослав Грчев, интерпретирана преку писание објавено во весникот каде што Бранко Геровски повеќе не е сопственик, само уредник (сопственик е екс-шефот на ЦИА за Балканот), сите оние кои излегле на улиците на Македонија, убедени во идејата за унитарна Македонија, барајќи отфрлање на Тиранската платформа, биле кретени, кои во главата имале помија која жуборка, растурена од пластичните сендвичи со кои биле хранети

Просто е неверојатно како еден човек, универзитетски професор, висок функционер на локалната самоуправа, себеси би си дозволил да размислува на начин на кој што не размислуваат ниту оние на кои едноставно, толку им е капацитетот. Секако, доколку универзитетскиот професор би бил ментално здрав и стабилен. Доколку има психијатриска дијагноза, тогаш, можеме да кажеме дека е оправдан и начинот на кој тој се обраќа до јавноста.

Како и да е, дури и „колумнистот“ да имал ментална попреченост или психијатриска дијагноза, текст во кој цела нација, или барем оној нормалниот дел на нацијата кој сеуште верува во идејата за независна и самостојна држава, да биде наречен „кретени со помија наместо мозок“ би требало да биде санкционирано од уредникот на медиумот. Но уште еднаш, тоа само по претпоставка дека уредникот ја нема истата психијатриска дијагноза, или е ментално нестабилен.

Во случајов, уредникот најверојатно е и полош од „колумнистот“.

Но, медиумската хиерархија во медиуми кои како што би рекол новинарот Неделковски се „петпарачки“, односно се гола пропаганда која се продава за беспари, а во џебовите на тие што пишуваат се слеваат пари од различни „филантропи“ против кои целиот свет почнуа борба, не е тема на овој тескт.

Она што треба да го пренесе овој текст е ставот за Македонскиот народ на Мирослав Грчев.

Според него, Македонскиот народ е група на кретени кои протестираат на улиците. Еве како тој го интерпретира тоа:

„Да, оваа нискоорганизирана протеинска материја што како од канализација „спонтано“ се истури по скопските улици да протестира во одбрана на својата авторитарна мафијашко-партиска власт, има мемориски капацитет само да го препознае гласот на господарот и веројатно сликата и пластичниот мирис на сендвичот со кој ги хранат. Па, тие протестираат како да се жртви, а не фашистички контрачети што ја окупирале земјата! Во нивните мозоци – или онаа каша што како помија им жуборка во черепите – не оставиле никаква трага единаесетте години крадење, гнетење и силување што самите го вршеа над своите сограѓани и комшии: тие гнаси протестираат со истиот патос на жртви како да е 2006 година, или 1998, или 1945, а не пуста 2017?!“ – вели Грчев во својата последна колумна објавена во „Слободен Печат“, сеуште некритикувана, ниту оспорена или пак земена како говор на омраза од „релевантните“ институти како нелегитимниот Хелсиншки комитет (кој не постои никаде во светот, уште помалку во Хелсинки), ЗНМ која така гласно реагираше на „повикот на војна“ на актерот Владо Јовановски, СДСМ или пак било кој друг соросоиден бот.

Ова не е прв ваков испад на Грчев. Тој на бугарска телевизија впрочем се изјасни дека Македонската нација е измислена лага, непостоечка нација, вештачки створена од Тито.

Ниту пак изненадувачко е за кадарот на СДСМ да се ползува со вакви навреди. Сведоци бевме на зборови упатени кон Македонскиот народ како „небањати“, „курви“, „стока“, и разни други пцовки.

https://www.youtube.com/watch?v=D3T2KcA9X6E

Во нормална држава, за ваков текст авторот би добил кривична пријава во најмала рака, и притвор. Бидејќи кај нас нема кој да го држи за одговорност, останува на народот „со помија наместо мозок“, да побара одговорност за изнесените навреди.