дома Социјални Мрежи Кривиот пат останува симбол на СДСМ и Заев, затоа што ништо право...

Кривиот пат останува симбол на СДСМ и Заев, затоа што ништо право и не изградија

Расте нервозата во СДСМ, лупа срцето, знаете дека губите. Објавената фотографија која илустрираше крив пат, покажува дека СДСМ не работи ништо, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-И да е таа од Буринди, Свазиленд, или САД и Германија суштината е иста, СДСМ ништо не работи, а кривиот пат е синонимот за нивното неработење. Туку сега што правиме со тоа што Заев вели дека завршил гасовод во Македонија со слики украдени од други земји? Кривиот пат останува симбол на СДСМ и Заев, затоа што ништо право и не изградија, оцени тој.