дома Хроника КРИВИЧНА ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА: Човекот кој пукаше во Никола Тодоров доби...

КРИВИЧНА ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА: Човекот кој пукаше во Никола Тодоров доби кривична пријава!

Основното јавно обвинителство од Скопје, по завршената истрага, поднесе обвинителен акт против Љ.С. кој на први јуни годинава пукаше во поранешен министер за здравство Никола Тодоров.

Од ОЈО велат дека:

„Мажот е обвинет за две кривични дела, убиство од член 123 во врска со член 19 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на мерката – притвор поради постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на обиденото кривично дело“.