дома Хроника КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ СЕ ИЗЖИВУВАШЕ СО КУЧЕ: Прилепчанецот што фрли боја...

КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ СЕ ИЗЖИВУВАШЕ СО КУЧЕ: Прилепчанецот што фрли боја врз кучето доби кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против прилепчанецот кој истурил црвена боја врз куче и се изживувал со него. Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, на кои се споделуваа фотографии за настанот.

Полицијата денеска информираше дека случајот бил пријавен на 29 август во 19 часот во Полициска станица Прилеп. Граѓанин пријавил дека околу 16,30 часот непознато машко лице малтретира животно на градскиот плоштад во Прилеп.