April 25, 2024, 11:47 am

Кривична пријава за 22 лица за бpyтaлниoт нaпaд во Струмица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година.

Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382, а останатите десетмина за сторено кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This