дома Македонија Кризата тропа на врата, намалена наплата на даноци

Кризата тропа на врата, намалена наплата на даноци

Македонија се соочува со намалена наплата на даноците. Небулозно, но заголемена е само наплатата на данок на личен доход?!

Причина за ваквата состојба може да се предвремените уплати на месечните даночни биланси кај определен број на даночни обврзници, се вади директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Вкупниот даночен приход во јуни забележува намалување како резултат на намалена наплата на даноци соопшти директорката на УЈП.

Управата за јавни приходи бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти. Намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход кај кој небулозно има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година. Одредено намалување има и кај данокот на додадена вредност, односно нето приходот е намален за 7,5 проценти, а бруто приходот за 1,7 проценти во споредба со јуни минатата година.

Експертите ова го толкуваат како еден од првите знаци на почетокот на кризата предизвикана од катастрофалната не/реакција на актуелната влада на СДСМ на корона кризата во делот на економијата. За потсетување, Македонија беше на дното на Европа според превенцијата на кризата со КОВИД-1 на полето на економијата.