дома Актуелно КРИМИНАЛЦИ СО ПЕДИГРЕ: Криминалот и корупцијата се заштитен знак на владата на...

КРИМИНАЛЦИ СО ПЕДИГРЕ: Криминалот и корупцијата се заштитен знак на владата на Заев!

Корупцијата во Владата цвета. Премиерот Зоран Заев и најблиските негови соработници свесно ги кршат законите со единствена цел- да го зголемат нивното богатство.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра.

На овој начин мултимилионерот Анѓушев за само еден ден заработи 2.6 милиони евра, а предноста пред сите останати ја доби благодарение на тоа  што е вицепремиер во владата на Заев. Поради функцијата која ја обавува, тој може да влијае врз работата на државните институции.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, поседува приватнa фирмa во странство, но не ja навел во Анкетниот лист на Антикорупциската комисија, пишува порталот Нетпрес.

Според податоците до кои дојде Нетпрес, Анѓушев поседува приватна фирма во соседна Србија, поточно во Панчево. „Brako Wire Products“ ДОО Панчево е основана на пети јули 2005 година, стои во регистарот на приватни компании на Србија.

Понатака се вели дека фирмата е активно стопанско друштво, а се наоѓа во општината Панчево, место Панчево на адреса „Утва Златокрила“ број 9. Наведено е и дека дејноста со која се занимава „Brako Wire Products“ ДОО Панчево е производство на жичани производи, синџири и опруги. Во српскиот регистар како законски застапнци на фирмата се наведени: Крсте Лазаров – Директор и Кочо Анѓушев – Заменик директор.

Но, Анѓушев, освен во Србија, свои бизнис активности, своевремено, имал и во Бугарија, каде е еден од основачите на компанијата „Брако Бугарија“, пишува порталот.

-Според Централниот регистар на Бугарија, оваа фирма е основана на 20 октомври 2009 година. Како основачи се јавуваат: Кочо Анѓушев, неговите бизнис партнери од Велес, Орце Давчев, Владе Гравчев и Василчо Шалев, но и бугарскиот државјанин Иво Велков Велев, кој е поставен и за Менаџер на „Брако Бугарија“. Анѓушев, Давчев, Гравчев и Шалев се заведени како партнери, стои во тектот на Нетпрес.

Нешто повеќе од две години по формирањето на „Брако Бугарија, поточно на 10 февруари 2012 година, Иво Велков Велев е заведен како сопственик на целосниот капитал. На истиот датум заведени се и купопродавања на акции од „Брако Булгарија“. Акциите ги купуваат Иво Велков Велев и Кочо Анѓушев од Орце Давчев, од Василчо Шалев и од Владе Гравчев. На истиот датум Анѓушев акциите му ги продава на Иво Велков Велев. Потоа на 27 декември 2012 година, менаџерот на „Брако Бугарија“, Иво Велков Велев, акциите ги продава на сингапурската компанија „Nayngandagar trade and investment“ приватна фирма со ограничена одговорност.

Дел од земјоделците нема да земаат субвенции, но затоа субвенции ќе добиваат фиктивни фирми. Имено Зоран Заев најави дека доколку немале за 10 проценти поголемо производство од минатата година земјоделците нема да земат субвенции, но најави дека ќе даде субвенции за фабриката „Санос“, која што има само тројца вработени, а и никаква за некакво производство на макар еден автобус, иако премиерот најави производство на 70 автобуси за извоз.

Заев при посетата на „Санос“ најави дека команијата ќе има директни повластици од државата, како што тој кажа за секој нов продукт, а како што веќе пишувавме продуктите кои беа презентирани токму од премиерот, не се нови продукти, туку станува збор за половни автобуси кои се презентираат како нови, со една цел, а тоа да се заобиколи законот, со перење на пари со поврат на ДДВ и конструирана приказна за измама на јавноста.

Потврда дека е можен тежок финансиски криминал добивме и до Царината, од каде ни соопштија дека извоз на автобуси од фирмата „Санос“.

Граѓаните се разочарани од потезите и лагите кои премиерот Заев ги презентира во јавноста, и како што велат тие, нивно мислење е дека премиерот на потценува интелигенцијата на граѓаните на Република Македонија. Инаку, токму премиерот Заев кажа дека автобусите се подготвени да тргнат на пат, но тие се уште не се тргнати, а не се ни знае каде се. Експертите коментираат дека покрај сомнежите за финансиски криминал, ова е обид на Заев да измами граѓаните, со што би собрал политички поени.

Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште пред неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.

Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото, пишува порталот Нетпрес.

Според проверките, вредноста на една акција изнесува 300 денари, што значи дека Заеви платиле 1.458.300 денари и со тоа стекнале 22,25 отсто од основната главнина на друштвото „Герас Цунев конфекција“, кое има имот вреден милиони во евра, хотел, ресторани и дуќани.

Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство. Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.

Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.

Владата на СДС само декларативно се залага за транспарентност, во реалноста далеку од очите на јавноста работи нетранспарентно и незаконски, истакнува Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено Драги Рашковски, Генерален секретар на владата се самопредложи за владин претставник во Собранието на акционери на Македонски Телеком. Владата го гласаше, а Рашковски сам си го потпиша своето назначување за хонорар од 500 евра по седница. Во владиното соопштение за 19-та седница одржана на 3-ти август нема ниту збор за скандалозното самоназначување на Рашковски за владин претставник во Телеком. Ова именување е спротивно на закон. Имено Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како Генерален секретар на влада да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком. Значи, Рашковски сам си определил спротивно на закон да биде владин повереник за хонорар од 500 евра по седница. Бараме расипничката влада на СДС да понесе одговорност, подитно Рашковски да се повлече од позицијата претседател на Собранието на акционери на Телеком или од позицијата Генерален секретар на владата. Ова е уште еден пример како кадрите на Заев се богатат на сметка на државата и ги полнат своите џебови, посочи тој.