дома Балкан Кристијан Голубовиќ во здравствени проблеми, се плаши од најлошото

Кристијан Голубовиќ во здравствени проблеми, се плаши од најлошото

Кристијан Голубовиќ се огласи за медиумите и призна дека во моментов има поголеми здравствени проблеми, како и дека се сомнева на коронавирус.

Голубовиќ открива на кој начин се бори со симптомите.

-Ќе бидам искрен, лошо сум, лежам веќе неколку дена и не ми е добро, се плашам да не ми премине на белите дробови. Не се придржував до мерките, па можеби тоа е причината поради која сега сум во оваа ситуација. Со денови кашлам, немам сила, малксаноста не убива. Се плашам од најлошото, мора да се тестирам да видам дали е коронавирус, искрено одговорил Кристијан.