дома Македонија КРУШЕВО: Потпишан договорот за изградба на гpoбното место на Тоше Проески

КРУШЕВО: Потпишан договорот за изградба на гpoбното место на Тоше Проески

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, денеска во Министерството за култура го потпиша договорот за изградба на гpoбното место на поп иконата Тоше Проески.

Од владата се доделени 10 милиони денари за овој проект, а градоначалникот Христоски извести дека веднаш започнува постапката за имплементација на проектот.

„Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долго ветуваното градење на гpoбното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно пooчивалиште“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.