дома Македонија КРУШЕВЧАНИ НЕПОКОЛЕБЛИВИ: И покрај бурата во Крушево, граѓаните масовно на протести!

КРУШЕВЧАНИ НЕПОКОЛЕБЛИВИ: И покрај бурата во Крушево, граѓаните масовно на протести!

Граѓани на Крушево вечерва и покрај лошите временски услови и дождот повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

 

Крушевчани јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Освен во Крушево, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во 23 градoви во Македонија.