дома Хроника КУМАНОВЕЦ ОСТАНА БЕЗ ВЛЕЗНАТА ВРАТА: На кумановец синоќа му ја запалиле влезната...

КУМАНОВЕЦ ОСТАНА БЕЗ ВЛЕЗНАТА ВРАТА: На кумановец синоќа му ја запалиле влезната врата од куќата

Во Куманово на улицата „Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65) кој живее на истата улица, вчера околу 22 часот, непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната против пожарна единица од Куманово.

По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.