дома Социјални Мрежи „КУМАНОВО ЕЛИМИНИРАНО, ОСТАНУВА ТЕТОВО И КИЧЕВО“: Социјалните мрежи за инцидентот во Мала...

„КУМАНОВО ЕЛИМИНИРАНО, ОСТАНУВА ТЕТОВО И КИЧЕВО“: Социјалните мрежи за инцидентот во Мала Речица!

Вечерашниот инцидент во кој загина едно лице, а две се повредени во престрелка која се случила во с.Мала Речица, веднаш по состанокот со вицепремиерот Хазби Лика, ги вознемири граѓаните, особено по информацијата дека големи полициски сили го опколиле кумановско Диво Насеље во очекување на ескалација на состојбата

Социјалните мрежи пак со своја верзија за настанот.

Некои велат дека загинатиот требало да биде шеф на партискиот огранок на ДУИ во Куманово, додека други тврдат дека се работи за функција во владата која Лика му ја доделил на сега починатиот.

Секако, на твитерџиите внесоа и доза на сатира во настанот, кој предизвика страв за личната безбедност кај граѓаните.